look after - онтологија

згрижи повеќе

згрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе, преземе грижа за некого.
Примери:
Домот ги згрижува децата без родители.

приварди повеќе

привардат
Вид збор: Глагол, свршен
Почува извесно време.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Те молам, приварди ги децата додека се вратам од пазар.

пригледа повеќе

пригледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Преземе грижа за некого некое време, згрижи некого во неволја, болест, старост.
Албански: kujdesem
Примери:
Останаа сами, никој не ги пригледа.
Погледне дали е во ред, се погрижи за некого, за нешто одвреме-навреме.
Албански: kujdesem
Примери:
Ноќе мајката стануваше да го пригледа детето.